Денес видов сѐ, имав визија утринава. Велам, тоа беше грев!
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Само го погалив по главата малечкото, и клекнав, богами клекнав убаво за да проверам дали видов сѐ како што треба".
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)