види (гл.) - син (прид.)

Пропаднаа бабините илузии да го види сина си крај амбасадорот Али Фетхи Окјар во Париз!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сликата ја најде во ковчегот на Видуша заедно со неиспратеното писмо во кое му пишуваше: ”Кога веќе не дојде да го видиш сина си додека беше жив, имај го на слика: нека ти ја гори душата како што мене ми ја изгоре кога ми кажаа другарчињата негови дека се удавил во Голема Река каде што се капеле.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Меѓу белата коса, спуштена на челото, и белата брада, виде сина, тенка линија, а во полуотворените очи – линија на хоризонтот, низ која, одвреме-навреме, прелетуваа белите клепки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
— Суло ага се разнежи кога се сети оти четири години не го видел сина си, и уште за малку што не се разлигави, па продолжи: — Евала, кардаш, на сите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа ја оставил флејтата и отишол лично да го пречека стариот Бах кој бил дојден да го види сина си.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)