види (гл.) - жив (прид.)

Боговите на другата страна на границата не се смилуваа кутрата Ервехе да си го види жив брата си во Поградец.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Каде си горка жено да видиш Изгаснато сонце кај крижу од брег на брег, од југ на југ Јагленосан да ме видиш Жив во дамнината?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Не можеше да се види жива душа надвор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ги здогледуваш ли повремено и горе, тие мрзливи кртови што роварат ли роварат исклучиво долу, по кулоарите?  Последниот критичар што сум го видел жив и при дневна светлина се стори пепел следниот миг.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А ако некогаш се случи да се сретнеме и да се видиме живи, пресреќен ќе бидам ако некој од овие - што како свои деца сум ги сакал - не ја свртат главата на друга страна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А обичните селани не сакаа да слушнат за некакви чети и војводи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ве донесе ли господ да се видиме живи здрави по победата? — иронично се провикнаа Пере Тошев и Петре Ацев, коишто заедно со Тренков, Коле Пешковчето, Шаќира, со целата своја чета се прибраа во Толевиот пашалук и се ставија со Толета, молејќи го да им осигура заклон и леб, бидејќи народот почна да ги отпадува од себе, а тие немаа морална сила да го повелаат како порано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)