види (гл.) - гол (прид.)

Пет деца родив, велам, а жената уште не сум ја видел гола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
МИРА: Не. БОРИС: Зошто? МИРА: Имам јас свој хај-фај. БОРИС: Сакам да те видам гола.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Само мајка може да ме види гола, ќе вели жената, и само на судниот ден кога ќе ме капат за на гробишта, ќе вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
САРА: Господин Сивиќ е доволно стар да видел гола жена и не верувам дека би го возбудила женска цицка. Посебно не мојава.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Очекуваше, всушност, да ја види гола. Но не беше гола.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш во најстрога доверба првпат видов голи женски на црно-бели фотографии, баш тогаш, кога некои од другарчињата ми се фалотеа дека под процепите на дрвеното мовче во родниот град ѝ ги виделе гаќичките на строгата наставничка по математика.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)