види (гл.) - чудо (имн.)

Дури и оние кои си седеа во стоплените соби истрчаа за да го видат чудото на таа весела смеа од залудените жени што ја беше преплавила улицата ...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Види чудо над чудата! Татко лежерно, речиси невидливо, се насмевна!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Толку многу сакам што и јас станувам златна ластовичка која лета долж црните реки. И види чудо: ако летам долж реките, под мене нема ни вода ни корита по кои водата би течела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ела, - му рече насладувачки полека, - Ела да видиш чудо невидено, - му рече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)