види (гл.) - татко (имн.)

Но беше изненадена, кога за прв пат откако се вселивме во куќата крај реката, го виде Татко неспан цела ноќ, со книгите и неговиот нов пријател по книга Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа се потсетував како прв пат го видов татко ѝ на Марина со оваа нова жена и како бев тогаш убедена дека татко ми нема да биде никогаш таков… да стори нешто такво.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Еднаш го видов татко ми како плаче.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Сакам да живеам уште малку, сакам повторно да свирам, сакам да направам дете...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Помисли на мајка си, на нејзината насмевка, помисли на деда си кој умре сам во својата куќа, се сети дека никогаш не го видел татка си.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Меѓутоа другите, поуките, на кои козите им го изменија видливо животот на добро, им донесоа мир во куќите, од материјална страна, сакаа и од други причини да го видат татка ми со коза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги виде Татко и Игора Лозински со тага во очите, загледани во огнот крај Езерото. Се поздрави со гостинот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога виде татко ми каква корист имавме, тој ненадејно ги зголеми и така за неколку години имавме околу петсто молзници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И кога ќе видел татко оти не запира со свирењето, ќе му викнел да слезе и со некое ноже ќе му ја дупнел гајдата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш последен пат го видов татка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Штом ја загледав околината, јас решив дека за почеток, треба да пораснам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас тоа го извршував со такви напори, што на осум години еднаш го видов татко ми да ме земе за рака.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)