види (гл.) - слика (имн.)

Кога одлучи во зенитот на својата младост да го напушти Цариград, најчесто доаѓаше во храмот, небаре потсвесно да си ја види сликата на својата судбина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се изненади кога ја виде сликата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така, кога некој пишувал книга се поврзувал со читачот во иднината или сликарот ги чувствувал емоциите преку зрачењето на погледите од сите оние кои ја виделе сликата, па така ја засилувале својата инспирација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Го препозна курирот Ведран.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Истиот час ибн Бајко ја виде сликата на игуменот од Свети Ѓорѓија-Горг како си го става петрахилот, зема жарче за темјанот и се готви да го испее и да го искади детето што му го беа донеле. Тоа дете како да беше самиот тој.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во парискиот Лувр ја видов сликата на Еусташ Ле Суер, на која се гледа како апостолот на скалите пред храмот собрал верници нови христијански конвертити како носат пагански книги, таблици, ролни, кои потоа ги палат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Видов слики зад слики, ѕидови зад небото, небо зад бесконечноста.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)