види (гл.) - свет (имн.)

Да можат да говорат окнестите камени мостови префрлени преку брзите, бујни реки во Босна или седумте божји храма соѕидани со негови раце во различните краишта на Далмација - многу нешто би можеле да раскажат за копнежите на Аргировата душа во најубавите години на неговиот живот, кога беше полн со сила и полет, готов да ѕида и на самото морско дно, за да види светот што знае и што умее тој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еднаш го видов светот, тој преубав, совршен, хармоничен, задоволно го вдишував пријатниот мирис на животот со идиличен крваво црвен и азурно син витраж на појави кои се раѓаат од слаткиот извор на копнежите, надежта и страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Овој свет во допир со несовршенството на реалноста, во моите очи го отслика светот на мизерноста, болката, ужасот од уништувањето на се што создаде Бог.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Па таа и во гробот ќе ти тежи, му велат, зашто не остави потомство да ја продолжи лозата; те мачи тоа, велиш, и постојано мислиш на нас: ги вртиш сликите, се потсетуваш и живееш со нас, со спомените, со минатото; го враќаш и оживуваш времето изгубено; тоа ти ја храни душата, велиш; ти ја исполнува празнината и те брани од самотијата; се чувствуваш како спасен давеник на самотен остров обграден само со минато; се храниш со него, зашто друго и немаш; го виде светот, виде и жени, зашто овде немаше можност: се жени мошне млад пред да знаеш што е жена...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Да го бараш поетот само во страниците, е да го видиш светот само во границите.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Сака да види свет, сака да научи повеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но, никогаш ништо, освен ветувања дека еден ден секако и јас ќе го видам светот. А, тој ден никогаш да дојде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тие денови, кога Загорка Пеперутката ја носеше во косата најголемата црвена пеперуга што некогаш ја видел светот, беа некако чудно пролетни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инаку не е лага дека таа се плашеше оти пеперугата ненајавено може да одлета.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не рачил е мрсниј Турчин кашти ни да газит, он не можеше да љубите 6'лгарски девојки, не е мог'л да ги турчит, в свој харем да држит, да не могат да излезат испод тежок затвор, да не видат свет ми божиј, ни па се'лнце јасно...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)