— Е, море, ка си сторила кабул да не му даваш на луѓето да видат радост од нивиото срце, тогај греот нека биде на тебе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Офицерот потоа го дигна прстот и продолжи да чита со раздразнетост во која Глигор виде радост на победник.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
XXVIII На положаите над селото и манастирот започна силно пукање; луѓето исплашени истрчуваа надвор и гледаа накај положаите да видат што се случува; најпосле дознаа дека војниците се веселат што ќе си заминат дома, што не дојде до војна; пиеја од чутурките ракија купена од селото и пукаа; се пукаше и од албанската страна, се веселеа и албанските војници што ќе си одат дома; изгледаше дека се натпреваруваа кој повеќе ќе пука или можеби така, со пукање се поздравуваа едни со други; излегуваа и едните и другите од рововите и земјаниците да се видат подобро, да си ги видат униформите, оружјето, да си ја видат радоста што куршумите не си ги вперуваат еден во друг, туку во воздух; се пукаше во бранови или зачестено.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)