види (гл.) - брат (имн.)

Ношта пак дошле ѓаолите и раскажвеле на големиот ѓаол све шчо сторил свекој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зад темнината ги видовме браќата како прават плетенки од зборови и им објаснуваат на учениците како еден обичен словенски смртник може најбрзо да се искачи до зборот од зборот во најблискиот сон и од најблискиот во најдалечниот сон.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кога го видел брат му, кривољубецот, се почудил и, се знајт оти и му завидел, како слеп бидештем, да оздраит и толко да се обогатит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го виде брата си Тодор, кој се спремаше да излегува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мајка, кутрата што стори молење до Бога да се смилува да се крене границата за да замине да го види брата си Сабаудин Руси, кого на галено го нарекуваше Бубуш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Види брат, нема пизда од тука шо не сум ја прошол.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)