види (гл.) - нешто (зам.)

Со крајчето на окото видов нешто жолто-бело како во дијагонала испреплеткано прострелува низ собата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Којзнае тој што видел, ако видел нешто, вели и се враќа. По него се враќаме и ние.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го врати погледот врз футата пред себе како да ќе види нешто, си го лизна показалецот од десната рака, забриша некоја флека што ѝ се причини дека ја виде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Маци стоеше на долапчето во собата, се облизнуваше и ме гледаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Што ќе стореше ти да видеше нешто слично, праша вознемирениот сосед?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)