Ги викнавме телевизиите да видат каков скандал е ова со кучињава скитници.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
„О, море Спиро ќе видиш каква девојка ќе стане таа, ама којзнае дали ќе ја видиш повторно?!“
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Видете каква блажена насмевка му лебди на лицето. Гледате?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Јехуда е едно од двете деца на Давид и Бенвениста кои ги создадоа и ги пораснаа двете деца, Јехуда и Рафаил, неговиот помлад брат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Толе не можеше да дотрае, а да не види каков ќе изгледа Ѓорче како мариовец, та в зори отиде кај него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Остани да ручаме, да видиш каков комат направи Садие, го задржува жената поштарот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ја привлекол поблизу торбата и си рекол: Чекај да видам какви се урмите? ... И запалил свеќа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Без да сакаат, тие се најдоа в очи загледани еден во друг по што, додека така се гледаа, срцата им зачукаа во склад со чукањето на срцето на светецот и при што тој виде каква жена е таа, а таа виде каков маж е овој намерник, пред нејзините очи токму сега кога срцето ѝ чукаше во склад со срцето на светецот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Повели, напи се да видиш каква е.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Човечките очи не можат да видат какви пречки има долу во матната вода покрај нозете, ако се движиш брзо, ја заматуваш водата! – продолжи.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
А таму горе едвај можев да видам светлинка: небото беше малечка точка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И гледав нагоре, да видам каква куќа сум ископал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога видел какво е ослободувањето, ја испукал гранатата и истрчал за да ја стигне, за да падне на него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Можеш да се огледаш на кондурите, да се видиш каков си.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Црните оџаци се поткреваа од вжарените покриви за да видат какви се тие цвркотливи ноти на телефонските жици.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се слушнаа, главно, оние благослови што ги изговори Шпиро и како секое чудо за три дена, работата легна за да се чека свадбата, да се види каква ќе излезе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Да а кандисаме за преку рид па да видиш каков пријател имаш.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А Мајка виде каков беше животот и кај нејзините во Јанина, а особено во Солун, кај вујко ѝ и кај вујна ѝ, Италијанката Клементина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И отец Серафим по богослужбата не го викаа како порано по куќите да им го прегледа виното, да види какво е, да стори нешто ако не чини - туку го пиеја не наоѓајќи му мани и го молитуваа бога само да го има што повеќе, да роди што повеќе да имаат што да пијат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ние сакаме да видиме каква тајна носиш во очите.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Затоа не можеше да се види какво му е лицето.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Ќе видиш какви заклучоци ќе извлечат умните и праведните, подоца, во иднината, кога ќе можат со студени глави да ги оценуваат вашите неконтролирано истурени зборови со кои сега толку се гордеете.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сум ја видел каква е кога така се однесува.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А кога порасна Скрче, крпчето во кое го имавте врзано неговото пресечено папоче, го одрврзувавте и му го покажувавте да си го види какво му било кога од мајка ми сте го одделиле...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ќе видиш какви амајли- ѓердани за жените ќе излезат од нив.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ова што идеше беше последно што требаше да се стори та да видат каква ќе им биде среќата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тоа јас не можев да го сфатам, ама пошто видов каква е работата, гледав да бидам што понастрана, да не зборувам многу. А тоа не е лесно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ова ти го кажувам колку да видиш какви се конци тој Едо имаше пуштено дури и додека беше в планина.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А, тоа е многу тажно, да си дете и, наместо да си играш и радосно да ти врви детството, да седиш во ткајачницата, ја виде каква е, нели?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)