Ила, да ги види трите деца заедно, та душа нејзина!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но, султанот имал само три официјални жени па и денес во „Долма Бахче“ можат да се видат три посебни соби каде што живееле овие жени на падишасите...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Слушај, овие денови сакам на само да се видиме трите. Рада знаеше на кого мисли.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Фројд во боговите виде три функции: да се победат природните сили, да се помири човекот со суровата судбина и да се спаси од големите страдања.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Чук-чук, Стојанче, поткачи се погоре, ќе видиш три жени со .... истрижени...
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Му се задржа вниманието на зборот „поткачија, поткачија, поткачија...“ и сега наместо на Летка да ѝ ја закажува азбуката ѝ ја зарецитира глупавата песничка на којашто неочекувано се сети и што ја паметеше уште од детството: „Тодоре, Тодоре, поткачи се погоре. Ќе видиш три жени со пичките истрижени!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Очите го болеа од лутата пот, се замаглуваа и, зашто ослепуваа, видоа три белозелени маслинкени стеблаци. Сплетени гранки на маслинки.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Крај една осамена врба, на самиот крај од трските, Мече виде три плитки чуна, врзани за врбата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Во едно ќоше видов три постари жени и се собрав кај нив, се пикнав.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)