вивне (гл.) - од (предл.)

Ќе дојде потоа од својата седалка ветар да си поигра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Има такви зборови во неа од кои човек вивнува од срам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се качи до вратот, кон лицето: јаболкцата, како две резенки од калинка, крупно издадени, ја надсводуваа меката патечка околу усните, вивнати од жар и подотворени не во уплав од болката што ќе следи, туку од страста што ќе ги изобличи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе ја разбуди во мовот притаеноста на огнот; доживувајќи го својот златен сон, искрата ќе вивне од себе самата и ќе ја плисне шумата со пламен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)