Рече: - Леме, сине! Леме внученце, не ти велам збогум, не бил јас Иле Костадиноски ако не те вратам од тоа проклето место, - тоа го рече со таков глас што можеа да го чујат дури и тие што беа крај реката, како да сакаше тоа сите да го чујат.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)