вее (гл.) - знаме (имн.)

А во тоа, во неспоменувањето на Благуна и на целата таа историја во врска со неа, жителите на Потковицата свесно и намерно ја сокриваат и својата вина, во себеси и пред себеси признаваа дека и нејзе и на сиот сој Јанчески им нанесоа голема неправда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На конакот од валијата се вее знамето со полумесечина и ѕвезди.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По куќите се вееја знамиња, кои сега како да беа уште поголеми и ја исполнуваа целата улица со чудна свеченост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ним им се случи та, да не можат да си дадат ответ пред жителите од околните населби кога за непрокопсаноста на Благуна ги прекоруваа: тие кои највисоко го вееја знамето против сите завојувачи, неми остануваа во таквите незаслужени напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Над училишната врата се вееше знамето, издупено од куршуми и влеваше леснина и радост во душата: слободата довтасала веќе, па еве ја, еве ја овде меѓу нас, нѐ гушка, нѐ милува и го брани ова делче од просторот слободно да дише ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)