Високи ридови, некои голи, каменети и карпести, столетни борови и шумите мрачни, студени водје ги делкаат клисурите, а ноќите ведри и небото извезано со ројови ѕвезди и се чини толку се блиску, што само рака да испружиш и ќе ти легнат на дланка.
               
             
           
            
            
              „На пат со времето“
               од Петре Наковски 
              (2010)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  И забележува Арсо дека од некое време наваму челото на татко му се ведри и сурите длапки на лицето му смекнуваат.
               
             
           
            
            
              „Пустина“
               од Ѓорѓи Абаџиев 
              (1961)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Еден од нив забележал дека месото на граматикот сосема се распаднало, а очите му биле сѐ уште ведри и полни светлозрачен лач, како да видел откровение божје, а не успеал да го соопшти.
               
             
           
            
            
              „Папокот на светот“
               од Венко Андоновски 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Свети Никола златен, што ги  ведриш и облачиш морињата, варди ни го и чувај ни го Анѓелета од секакво лошо; однеси ни го здрав и жив на местото.
               
             
           
            
            
              „Парите се отепувачка“
               од Ристо Крле 
              (1938)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Капетан Мирковиќ тупка со чизмите на земјата, го ведри и го облачи лицето.
               
             
           
            
            
              „Пиреј“
               од Петре М. Андреевски 
              (1983)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Овие патувања се одвивале во избрани места, се минувало низ „тунели” кои воделе низ избраните рајски предели, тераси- градини на ридовите, ведри и насмеани колони работници, за да кулминира пропагандата во музеите.
               
             
           
            
            
              „Атеистички музеј“
               од Луан Старова 
              (1997)