Особено, и сосема видоизменет, се вгнезди во душите и срцата на момите и невестите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Стоеше рамнодушно, вгнезден во влажната жар на претпладнето како во кал.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Откако Татко со семејството се вгнездија во судбината крај реката, Татко беше постојано обземен од тврдината Кале, не престанувајќи од чардакот да го преселува погледот кон далечините кога беше најмногу замислен и не можеше да најде вистинско решение за мислите што го обземаа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Токму тој дар ѝ се вгнезди во главата уште на поаѓање.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Туку само на тој што веќе се вгнезди во нејзиното срце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Влезете да ја видите најголемата блудница која криејќи се зад маската на светица се вгнезди во нашава куќа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Човековото одлучување е вгнездено во мрежа од шеми, така да еден соодветен процес базиран на такви шеми од кооперативни пресметки, подобро од логиката го карактеризира менталното поведение.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Значи, преку овие стотици и илјадници шеми јас нудам натуралистичко објаснување на осетот за јас, кој е вгнезден во просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Некаков немир се вгнезди во мене, ама се обидував да го игнорирам.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
На аеродромот во Скопје ме пречекаа мојот сопруг и Здравко, мој многу, многу близок и драг пријател.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Таа мисла ми ја вгнезди во умот мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Едно утро наеднаш се загледа во мене изненадена: „На човекот му требаат многу години за да израсте од дете во човек.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Вгледан во светлата што де се појавуваат де се губат како пот на вжарено чело, и го варакосуваат запрашеното џаде и шумата што брзо потонува во мракот, кој знае кој пат се забива, се вгнетува, се вгледува одново и одново во патот што го помина и се повеќе се вгнездува во него, зашто на него порасна и, иако е сакат, се храни со надеж дека, дури и дооден, ќе го дооди.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Страв голем ги згрчи грлата, ги скрши рацете и колената ги свитка, лицата ги искриви, се вгнезди во очите, проникна под кожата, влезе во коските, го помати умот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Замандаливме усти, нос и уста затворивме со дланки, молчиме и страв голем ни се вгнезди во ококорените очи. И чекаме кога ќе пукне.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тоа веќе се случи, и фала му на Бога што не успеа.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Но оваа идеја стана ужасна кога се вгнезди во реалноста.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Живописни пејсажи во природата, уметнички да се вгнездат во душата на минувачите, во хард дискот на човечкото битие за на век...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Оние во шарените куќички под огромниот крст на врв рид си веруваат ли, веруваат дека некоја заскитана пеперутка од Андите само што не им слетала на левото рамо да им донесе троа среќа, не мора една вреќа ами сал троа среќа, а најсреќни се, се разбрира, тие кои уште од раѓање ќе си се вгнездат во некој убав сон и ним им заблазнуваат сите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Потоа уследи друг: на Богуле му мина стравот што беше вгнезден во него по бесењето на питропот Андро, доби некаков кураж, смелост, и почна да го раскажува она што го криеше, да ја објаснува вистинската причина за несреќата на питропот Андро: за љубовта што потајум ја водеа неговата жена Андрица и Оруш варџијата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)