И леб — колку за денеска — се согласија двајцата управници и така им наредија на стражите околу селото, кое и понатаму остана блокирано.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Сега ќе даваме башлама, ама аскерот нека го варди селото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зимата навистина дојде со бело и дебело платно што го посла врз целото село, врз сета рамница, ама го напика и во срцата на малкумината останати да го вардат селото и имотот на селото.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)