— Ако забележи некој од вас некој пезевенлак од нивна страна, ќе ми кажете мене, јас ќе ви наредам што ќе правите после, — им стави до знаење на сите свои потчинети и ја прифати поканата од чорбаџи Чешелка да му биде гостин вечерва, а другите чорбаџии зедоа по еден мулазим, чауш или башчауш и сите вечерта добро го нагостија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ја поземаат неколку басамаци и ја внесуваат во една голема празнина, каде, сосема на средината, веќе седи големиот син на Богородица и вали оган.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ја сместија војската со азите и коџабашијата заедно и секаде виде како жените се растрчаа да готват за војниците; им ги симињаа раниците; им подаваа столчиња да седнат им го валеа огнот да се разгреат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа е огништето каде што се вали оган, пече леб, погачи, булиња, се вари манџа, топли вода и каде што во зимните студени дни се греат домашните на пламенот и жарот од сувите дабови и букови дрва.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)