вади (гл.) - цигара (имн.)

Тој е насмевнат надмоќно, гледа првин во вратата зад која побегна Иван, па потоа кон собата на Неда. Вади цигара и пали.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Борис шета горе-долу низ собата. Долга пауза. Од џебот ја вади цигарата од Американецот. Ја мириса, ја враќа в џеб.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И не забележа дека, спротивно на домислената поговорка, несвесно ја отвори кутијата (за среќа, не Пандорина) и вади цигара.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чекори. Пауза. Седнува на столицата. Ја вади цигарата, ја пали повлекува два длабоки дима.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Вади цигара. Ја држи во десната рака, во левата ја држи запалката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)