вади (гл.) - капа (имн.)

АНЃЕЛЕ: (ја вади капата и го покажува темето). Еве, тука ми е целата...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Орачите коишто се враќаа од полето, подзапираа, ги вадеа капите и се крстеа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се строиме пред вратата, а редицата не личи на ништо: Васе свирка и потскокнува на една нога, Танас со парче огледало им ги засенува очите на девојчињата, Стојче со стапче им ги вади капите на оние што се пред него, Калчо седи на прагот пред влезот, рошка низ торбето, па се чуди како божем нешто да заборавил.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)