буди (гл.) - мој (прид.)

Кога се искачив за година-две погоре во осмогодишното образование, ветрот што ја будеше мојата љубовно-музичка пролет, доаѓаше од електричните гласови на момчињата што имаа долги коси со боја на старо злато, тесни панталони - ѕвонарки, цветни кошули со пеперутка јака и чевли со платформа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Свесна дека е невозможно да ја прифатам поканата, тоа е сепак перспектива која ја буди мојата имагинација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Твоето срце е мојот доживотен затвор, а мојава душа е твој вечен дом, само имај силна верба и надеж дека еден ден ќе го најдеш патот до него, за да го најдеш мирот и спокојството.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ти се радувам зошто знам дека некаде и некогаш помислуваш на мене и слатка болка ти го одзема здивот, кога те буди мојот шепот од сонот кој ни беше одземен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)