брка (гл.) - со (предл.)

Иш, иш, вика и ги брка со една прачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Марија, забавувајќи се, присуствуваше на таа претстава на голите пациентки, кои се бркаа со болничарките низ црквата како слепи кокошки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Молскавичен отсјај, на златни искршени прачки пред залезот... се бркаат со разиграните бранови од немирните води... слични сме: во моите зеници искрат светулки, во пазувите на езерото пламени јазици нежен допир со сласт даруваат.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На зајакнатата потреба по идентитет, на вообичаеното балканско наци-религиско лудирање, или на нешто сосема трето, пак се појави оној бекетовски несреќник “Dog”, кој шпарта сѐ уште, мислиш, околу нашиве колипки, а ние го бркаме со камења?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Времето е такво, вели, ќе се бркаме со сојките и ќе си ги крадеме зрната жито.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе беше на излегување кога сфати дека може неповратно да ја пропушти оваа неповторлива шанса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)