И така, возот брзаше кон Минхен. Ја минавме границата, па Австрија и откако нѐ осамна некаде кон Салцбург, моите сопатници ги опфати нервоза. Веднаш разбрав од каде произлегува.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По улиците и по мегданите врвеа вооружени востаници и брзаа кон позициите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога Х.Х., не можеше да наложи нова провокација и залудно очекуваше моја реакција, тогаш стреловито брзаше кон првиот телефон.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Место каде што мајка му истураше чаша вода пред секој почеток на новата учебна година, место од каде што со мал ранец брзаше кон автобуската станица за да го фати автобусот што го носеше во престолнината за да полага испити на државниот универзитет, место каде како дете во врнежливите летни денови играше Монопол со другарчињата...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Сенките побрзаа една кон друга. Се споија. Се стемнуваше. Минувачите се проретчија. Брзаа кон своите куќи.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Негде почна да завива сирена. Последните што не беа во некое свое засолниште, избезумено се растрчаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- И слепо и чкулаво подава рака по змиско јаболко, се лутел Симон Наконтик како осамен светец на семожни гревови позамрсени и од волчи црева, всушност повеќе исплашен отколку величествен набожник зашто го потресол крик на див петел од лесковата шума на селото, предупредување на смртта што брза кон такви каков што бил тој, за кого женското милување претскажувало почеток на пропаѓањето на светот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
5 Се изненадиле, доколку душевното мртвило им овозможувало да примаат со преморените сетила впечатоци привидно далеку понезначајни од последните кршења на двоколките, едната на оној Герасим од Побожјане што еднаш ја боледувал таа мака, втората на сипаничавиот Јован Стојче-Столетников: доаѓала сама, нема, намалена, се пробивала низ густо распослана невидлива пајажина што повеќе заплашува со својата лепливост отколку што претставува пречка, чудно мавтала со слаби раце пред лицето, брзала кон нив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој не ја знаел темната јадосаност на Куно Бунгур и неговата вера дека соништата на ноќта што доаѓала се само негови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Носејќи ја сета бучава на својата крв в глава, сличен на подвижна карпа над која господари моќ на несопирлива вода, гледал само пред себе и сепак со секој чекор чиниш барал и каменот да му се истави од пат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ повеќе дупчест и ребрест, колскиот пат брзал кон бездна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговите потиснати мисли биле далечни еха на тие зборови но со поинакво значење; го предупредувале да го предвиди и најмалото зло што можело да ги демне од своја тврдина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дрвјата се протегале како лузни во лилавото сивило.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Рибарите доаѓаа во правец на нашиот дом, брзаа кон најблискиот брег.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
-Ми доаѓа да се напијам! Премногу е бистро езерово! – рече Еразмо, брзајќи кон езерото со раширени раце.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога ја здогледаа писателката како брза кон училиштето, Томе и Темјана со отворени чадори се стрчаа накај неа: „Мили мои, да не сум доцна?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во тоа рано и убаво утро, качен на коњче, јаваше дете селанче и брзаше кон Караорман.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Спасените, незапрени јагули од луѓето, невидливи, брзаа кон морето, со несмален нагон на преживувањето...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)