Никогаш ја немав видено пустината, а пустината веќе одамна си го најде својот зародиш во мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Цвркот силен бранува во воздухот ко згужвана свилена тканина во летната спарнина, штурецот љубов дели низ песна со магични нитки ја победи тагата од минатото...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Тоа не беше силен дожд и не тропаше додека врнеше, се брануваше во водни платна и воден прав.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На куќата - во - себе како да си отворил девет џама низ нив да и влегуваат другите куќи, парче небо, една црква со осум кубиња и со еден крст, две трепетлики, една остарена слива, еден орев што сам си го засадил, неколку џунџулиња од градината, со нив неколку полжавчиња, три-четири пеперуги, две кошници пчели и осум осилници со оси, стршлен некој и една полна месечина од која ќе се плашиш и ќе стреперуваш, зашто преку џамот и преку очите, таа влегува во тебе, заедно со едно море кое ќе ти бранува во мислата и ќе те обеспокојува и ќе те полудува.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Како брановите да останале на брегот, како да продолжуваат да се брануваат во немирот на луѓето!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Го слушам твоето срце како своето, го гледам твоето синило во зраците на изгрејсонцето, се бранувам во очите на брановите, а се огледувам во душата на длабочините.”
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Езерото се бранува во сини и црни маси со бели шамичиња од пена. По него се точи снопот на зајдисонцето со запалени класје.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)