Исполнет сум. Претечувам Од ѕвезди, од песни Со кои ги залечувам Невидливите арабески Изрежани по суштината Моја, по внатрешнината, Од која се лачат и зрачат Моите певни стихови, Моите копја и штитови Со кои се бранам и напаѓам Крај кон се раѓам и умирам (Пак и пак и пак) Се чини, така ми е судено Да сум стишен и извишен знак. Зрак.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Играа тројцата пријатели покер со смирена гордост, во тишина, небаре се наоѓаа на последното бојно поле на кое можеше да се брани и спаси честа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И додека таа безуспешно се бранеше и испушташе грлени гласови, тој со сета сила навалуваше на неа, завраќајќи ѝ го фустанот што таа го туркаше со рацете надолу, ја труцкаше, а во тоа имаше и бес и освета за сето она што таа му го чинеше од неговото доаѓање во Пансионот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога некој некому ќе му гибне во крстот и во зборот негов со кој тој на Бога му се моли и мили, тогаш удира камбаната и народот го крева знамето со крстот на помош да си го брани и чува своето и на својот брат.“
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Подоцна морав многу да се бранам и многу да објаснувам што ми значело тоа, кому треба јас да докажувам и кој треба чиј бог да биде!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
КОСТАДИН: (Силно возбуден). Ах, Симке!... Не се согласи на бегање!... Не, не си ти крива... Требаше на сила!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ФИДАН: Бре, бре, бре! Сиромав Славче! И тој излегол некој љубовник. Зрел човек од дете женско да брани и џандари да вика!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Полицајците ги сметнуваат автоматите: нѐ бранат и на едното и на другото крило.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Секако дека љубовта на мечката била поголема од неговото искушение; ѕверката не се бранела и не оставила на неговата става ни најмала гребаница.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јаков Иконописец за миг подзинал од неочекуваното прашање. Каква стапица му готви Онисифор Проказник?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И како и секој споулавеник што од дните на разумни расудувања крие во себе итроштини кои го бранат и му даваат сила во некои часови, смерно се наведнал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа, според него, се довлекло на ребрест мев од непозната Арапија, сега го ора нивното отечество и не јаде желад, како што не ќе јаде подоцна ни трупки ни моркови, туку бара мевце, жили, души, до последната педа во црно ќе ја завитка земјичката.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговите седумдесет години му ѕвечкале под кожата. За земјичката се пролева крв како во песните. Ја браниш и удираш. А тие, како ќе ја одбранат?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се тетеравел по шумата и ревел со подадени раце кон небото, кон пеколот на тоа небо и кон куциот господар на тој пекол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но, при школска примена на Орвеловата двомисла, истите тие луѓе на кои им е смешен комунистичкиот мит за преодниот период, го бранат и веруваат во „пазарно-економскиот“ мит на транзицијата.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
На пример она тврдење, дека државата покрај другите свои обврски треба да ја брани и чува својата територија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)