брани (гл.) - наш (прид.)

Ако се однесуваме со презир кон народниот наш јазик, ние само им враќаме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно духовно гледање и воспитание. – Ние имаме и право, освен долгот, да го браниме нашиот јазик и тоа право ни е свето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Обично во нашата детска соба, небаре за да ги бранат нашите детски животи, висеа две големи убаво врамени слики, во стакло, на Сталин и на Тито.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Народните интереси ни налагаат, за да ги заштитиме нив, да го браниме нашиот јазик од пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Националниот сепаратизам ќе се зголеми исто така и од лицата што ја осознаваат сета штета од националните и верските пропаганди, кои под вид дека ги бранат нашите интереси, безбожно ги експлоатираат нив, и коишто ќе се решат на борба за националното обединување на Македонците против сите тие пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прошета тој по костурските и некои лерински села и изнаприкажа приказни за тоа дека ние сме биле Бугари, та затоа треба да си го браниме нашето бугараштво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)