Фатија пролетни дождови и компирите поникнуваа бојни како бозе, ќе речеш божем преку ноќ се накренале од земи како космати борачи и сега тука се борат во бавчата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Велат се борел во Шпанија...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Да, ама тој се борел во Шпанија, еј?! За спас на шпанската република!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„ Треба да ви биде јасно“, рече тој, „ дека ќе се борите во темнина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека мавташе механички напред назад со рацете, со израз на сериозно задоволство на лицето, што се сметаше соодветен за време на физичкото размрдување, тој се бореше во мислите да си го пробие патот назадечки во магловитиот период на раното детство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Татко, колку и да се бореше во животот тивко и ненаметливо да ги ублажува наследените и неизбежни разлики, наложени од исчезнатите империи на Балканот, останати како жилаво наследство, со уште пожилава инерција во времето, овде беше оставен засекогаш во просторот каде што разликите беа дефинитивни, засекогаш обележани.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Пред шест години неговиот професор ја затече својата жена со еден маж пожарникар - млад русокос вол и со оперетска насмевка, ја затече гола како вистина и побеле за неколку ноќи. После, по една очаена решеност на полулуд човек, му го испираа отруениот стомак и се бореа во болница да го спасат; студентите се чудеа: ако е веќе курва зошто ја остави.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ништо не му давало за право на ЦК да го смета Солун за исклучиво негово подрачје за дејствување и да им го оспорува правото на други, на гемиџиите, да се борат во ист град.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Америка се држи неутрално, но сепак има таму и американски доброволци кои се организирани под името „Abraham Lincoln Brigade” и се борат во интернационалната бригада на страната на републиканците на Азања.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Правејќи осврт врз дотогашното пишување на сојузничкиот и неутралниот печат, Тито во статијата ќе забележи дека во дотогашната светска историја тешко ќе се најде пример на „поголем цинизам и неправда што се направени на еден народ којшто поднесува толку големи жртви“, за најпосле да можат сојузниците сепак да увидат „кој се бори во Југославија и кому треба да му се помогне“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во однос на бројната состојба на НОВ и ПО на Југославија, Тито ќе истакне дека "денес ние имаме армија од 300.000 борци, опремени со оружје, што го земаше од непријателот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Врело побрзав. „Дедо му бил ајдутин и ...“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ти тоа го знаеш?“ „... се борел во четите на књазот Карпош, потоа сам.“ „Добро“, се согласи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се бореше дедо со границите колку што може да се бори во време на еден живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Државата нема доверба во тие луѓе, иако на нивните деца им се доверени пушки, митралези, топови, иако тие се борат во првите редови на фронтот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога дојдоа Србите, извади едно пусулче превиткано како аптекарско ќесуле за прашок против болка и стуткано во чкрипливото стапало на дрвената нога, според кое произлегуваше дека односниот се борел во редовите на српската војска, дека бил ранет и дека се инвалидизирал, па се молат српските власти да му излезат пресрет, покрај тоа што ќе му доделат инвалиднина.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Утрото го најавуваше раѓањето на новиот ден, сончев, без дождови, додека ноќта неуморно се бори во невреме СО КОПНЕЖ, КОПНЕЖ ЗА МИНАТОТО...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Чудовиштето се доближува, козичката се исправи гордо со роговите, ќе се бори во името на сиот козји род, во името на овие кутри козари слушатели на чело со Чанга, подобро да се бори отколку да ја изгуби слободата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но, и тој не беше убеден дека вредеше многу да се бори во сталинското време.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)