Солзи му бликнаа во очите...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го слушав така како ја слуша косилката додека ја косеше тревата, управувајќи рачно наместо далечински, и го гледав како ја мириса искосената трева штом таа од косилката ќе бликне во зелен порој на него.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сите ние бевме преокупирани со тој немир што го носеше навестената војна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Си олеснуваа со тоа што зимата на таа 1941 година почнаа да живеат со подготовките за свадбата која беше закажана за април. Таа пролет во Белград, ми се чини, не ја почувствува никој освен Алегра и Јехуда кои во квечерините зборуваа за цутот на дрвјата ненадејно бликнати во бело по дворовите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мајка му му помага: - Че... че... - Четири! – се сети храбро Зоки и бликна во радост: - Четири! Знаев јас, четири!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)