Вистински беше со нас, а на нашата радост ѝ немаше крајкога рече: - Се ближи времето за месечниот покер... Јавете им на пријателите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Па да, се ближи времето кога сите добри деца легнуваат да спијат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Трепереа сите ѕвезди... трепереа селаните. Сите беа во исчекување... се ближи времето... три дена пред тоа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Врвот на Тумбица веќе е како избричен, а на Брчалото му се ближи времето кога, како што самиот предложи, тој требаше да земе едно запалено кандило од црквата Свети Архангел Михаил и да го однесе на Тумбица, да го постави на место каде што ќе се подигне една христијанска и една католичка црква за да имаат каде да се прекрстат и брезничани за својата среќа и сите што со своите чопери ќе слетуваат на Тумбица со џебовите полни долари.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Се ближи времето кога треба да бидеме на станицата,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„А фотографијата и капчето ми се доволни.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со веста за крајот на добрите односи помеѓу Тито и Сталин, се ближеше времето на крајот на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од 1961 година, кон крајот на август, во овој мал град се одржуваат Струшките вечери на поезијата: на мост на истекот од езерото, каде што се формира Црн Дрим, се читаат песни од поети од светот, таму каде што јагулите-женки го почнуваат своето патување кон Средоземното Море потоа кон Саргасовото Море, кога се ближи времето на затворање на животниот циклус.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се ближи времето кога ќе можеш и постојано да ја носиш.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)