Се допира до мене, ме фаќа, открива и со џебна светилка ми блеснува в лице.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
На крајот, кога завршила претставата, раскажува актерот во интервјуто, кога светлата блеснале во салата, кога се откриле сите лица на публиката, забележал и останал вџашен оти очите биле сопственост на- куче.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Роса, низ солзи што блеснаа во нејзините очи, прошепоти Милата она... коуку уште ки трга! а бабата Петра со клетви ја дочека Знам мори Чано, то мојто магаре, господ да го изгоре, бел ден да не виде, знам... знаев дека така ки ми направи!...
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Перса блесна во лицето од една внатрешна светлина и со таа светлина си легна, додека Пелагија откако му кажа на Мурџо да си замине во својата куќичка, заедно Пела појдоа во бањата со намера да го запали огнот под казанчето, ама мајка Перса го беше веќе запалила.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И мисла црна нејзе ѝ блесна в глава како нож.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ја подаде раката, а во приквечерината, на нејзиното осончено лице, блеснаа во чудесна насмевка убави, бели заби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој го крена погледот и неговите очила непријателски блеснаа во правецот на Винстон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
В миг праската блесна во златен сјај, засенувајќи ја и самата месечина.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)