блесне (гл.) - сонце (имн.)

Ќе мине силен ек ќе б'сне сонце златно - по секаде на светот ќе згине срамно гнетот - ќе л'сне живот нов!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Што ако дојди време кога да блесни сонце Си оди незнајно кај напатен самик и чека Месечина во крвта да му угреи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Брегот на Профим зарамнет со снег; овошните стебла се оцртуваат на снегот како јагленови рецки исчкртани на хартија; нивните крошни напластени со снег, сосем бледо се уочуваат: кога ќе блесне сонцето, им ја фрла сенката на белината од брегот; куќата на Профим личи на некој замок скриен меѓу два снега: еден што напаѓал одозгора, друг што пораснал одоздола; прозорците, отсечени, со една кривулеста снежна линија, одвреме навреме пламнуваат на сонцето како одвнатре да избувнува пожар; од оџакот се исукува тенок чад кој се шири и се распаѓа како црн туш во вода; ако продолжи вака, ти се чини, ќе го исцрни сето небо; кокошките во дворот се фатени во едно богатство, во една паника, исплашени од секирата на Профим.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)