бил (гл.) - тука (прил.)

Така си помисли дедот Петко и праша во крчмата дали не бил тука поп Трајко?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го сакам пишувањето, пишувањето што е објава на постоењето, доказ дека сум бил тука заборавен од сè.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
И така, додека се возите во метрото во утринските часови и се борите за место за стоење, неустено, по неколку станици, гледате дека останувате сам, луѓето ги снемало, одлетале некаде, чиниш како претходнот момнет и да не биле тука.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Па, ако не се такви, вели за нив раководителот Вангел Поповски, уште одамна не би биле тука...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Децата не биле тука и тоа видело-невидело фатило да си игра со опавчето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
“Синоќа цело време биле тука.”
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Слегол, се пошутарил и пак ги изброил магарињата: едно, две, три, четири, пет, шест, седум, осум. Сите биле тука.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Застанаа малку на страна, покрај плакат кој рекламираше поволен кредит од С-банка, под кој случајно ѕиркаше зборот „Убиство“ - остаток од постер против абортусот кој бил тука пред него.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога наближив кон една долина криена меѓу плодови од лимони, грозје, портокали и смокви, кога го здогледав морето и кога застанав на брегот, почуден си реков: „Господе, како да сум бил тука, како да сум живеел тука на овој брег, до оваа стена и пештерата издлабена во неа, до манастирот и кипарисите извишени крај него, до параклисот од левата страна, полеан со молитвите на калуѓерите кои со запалени свеќи влегуваа и излегуваа од него, помазан од звукот на камбаната и клепалата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Добро што не бил тука татко ти, немало убаво да си помине.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Може да се претпостави дека дел од нив, Кочовите луѓе, знаеле што се спрема и биле тука да држат тензија и, ако треба, да притрчаат, како што и притрчале.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Кога би бил тука дедо, вистински би било бескрајно убаво“ - мислеше Бојан, чувствувајќи се збунет од она што се случуваше околу него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Влегле сватовите дома да ручаат, а Силјаница си го зела детето за рака и се качила на амбар да плаче и да жали дека не ѝ бил тука Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И најпосле бил тука, на дваесетина чекори од својата стапица, на која го донел оној проклет лелек.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Следните денови, Карл и самиот се чудеше колку убаво се чувствува во домот на овие четири жени... Како отсекогаш да бил тука.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Кој бил тука?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„И ако некој ве праша, не сум бил тука.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа и порано била тука, од другата страна на големата река живееле.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Секој што бил тука во тоа лошо време, има своја приказна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ете, јас, кој сум бил тука скоро една година, само на кратко ти ја раскажав мојата приказна, така, како што беше...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се колнам, го криеше сето неспокојство на оние што пред тоа биле тука затворени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Јас никогаш не сум била тука, иако сум родена скопјанка!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Глупости. Овој планетен систем се наоѓа со милијарди километри далеку од Земјата; неможно е дека кога било досега сме биле тука.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)