бил (гл.) - токму (прил.)

Се обиде да истисне малку сеќавање од детството што би му кажало дали Лондон отсекогаш бил токму ваков.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Треба всушност да се претпостави, дека теренот на набавките на Никола Поцо биле токму Реснанската нахија, Монастир и пошироко Солунскиот вилает.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој ми објасни дека потеклото му било токму од Маказар, но јас не можев да се сетам на него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оној кој добил првенство и чест царска да влезе низ неа бил токму таткото на отец Стефан, пречесен и благтоутробен отец Мида, кој од синот свој попрв бил во науките и знаењата, но и во срцето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одговорот на Сарафов бил токму во духот на неговите сфаќања: да се дејствува, да се урива, без разлика на време и простор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но неспорна вистина е дека сите поединости врзани со времето на заминувањето кон планината, со возраста на мајка ми, како и начинот на кој и пристапил војникот долу во полето покрај оној длабок јаз што ја водел водата кон нивите со ориз; а и неговото подоцнежно однесување кон невенчаната девојка од полето; сите тие настани верувам биле токму такви, дури и се случувале токму онака како што си ги замислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем за многуте од замислениве поединости постоеја и потврди или наслутувања од разговорите со мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како и да е, кириличниот систем на писмо како поедноставен и поприлагоден за читање и Маргина 37 101 пишување ја засенчува глаголицата и набргу сосема ја истиснува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Редок исклучок е областа Далмација, каде сè до средината на XIX век по манастирите во употреба бил токму еден од видовите на глаголица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Голема мака му останала на царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа му 'и пребројале, пак му биле токму четириесет, бидејќи момчето, откоа му го дало зајакот на син му од царот, беше му дал многу пари на еден ловџија та беше му ватил еден друг зајак жив и беше му ја прекршил ногата и на тој зајак како на друзите за да не можи да бега.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Еве што сакам да ми го сториш - му рекол царот: три вреќи лаги да ми наполниш и да ми ѝ даиш и после бездруго ќерка ми ќе ти ја даам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но во мене од истиот тој момент, кога ми ја раскажа приказната, се јави помислата дека и тој се посомневал оти неспомнатата убавица била токму Пелагија и ниту една друга.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)