бил (гл.) - наполно (прил.)

* Гемиџиите кон средината на април биле наполно готови. Но тие не сакале да ги почнат атентатите без претходно за тоа да ја предупредат Организацијата, па дури и самиот Гарванов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го посетил и Радославов (радославистите во моментот биле на власт) и се уверил дека тој бил наполно на страната на сарафовиот комитет.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нанчо и натаму не се откажал од заговорниците, иако бил наполно свесен дека откривањето на нивните планови значело смрт за него и пропаст за неговото семејство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Велешките младинци идејно биле наполно зрели за вклучување во револуционерните акции.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зато и притисокот врз нив да чекаат и се приспособат кон потребите и интересите на Организацијата се зголемиле кога веќе тие биле наполно готови да го реализираат својот план.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таквиот Мече, готов на саможртва, но без верба во ослободителните можности на широките обесправени маси, бил наполно погоден за акции какви што подготвувале гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Според тоа, за него било сосема нормално дека ако Велика Британија има свој интерес на Балканот, тогаш и Русите го имаат истиот интерес, уште повеќе што тие, "на тие простори држат многу карти" во свои раце.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Идн, како искусен политичар, бил наполно свесен дека на Балканот е "неизбежно да има директен судир на интересите", а во "догледно време и конфликт" во однос на нивното разграничување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Черчил бил наполно свесен дека со фрлањето на Југославија "со сето срце во прегратките на Русија", британското влијание во оваа земја е целосно изгубено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, тој застанал на становиштето дека се излишни сите натамошни жртви во "игра" што Британија ја губи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)