Мирот што би бил навистина траен, би бил исто што и постојаната војна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Работа на која постојано се враќаше беше неможноста да дознае каков бил навистина животот пред Револуцијата. Извади од фиоката еден детски учебник по историја што го позајми од г-ѓа Парсонс и почна да препишува еден пасус во својот дневник:
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еден таков систем (ако го поминал ТТТ) би бил навистина втемелен: Ништо виртуално во врска со него.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се напрегав и им бегав, секако морав прв да го видам здрав и насмеан Круме Арсов, да го допрам со прсти, да му раскажам дека сум го сонувал запален.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш ѕидот што ми бегаше се отвори и јас го видов, понеже сакав да го видам него, што можеби и не бил навистина жив факел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оној што бил навистина мртов го заборавиле - јамата станувала подлабока, купот гранки раснел за клада.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На оние што гледале по нив им се чинело дека под нозете на двајцата најтврдоглави на светот земјата ќе се разбранува и светот ќе отиде по ѓаволите со таков тресок и кршење од што и небото ќе оглувне, ќе се распадне и ќе се урне врз скрка и распаднатост, но Онисифор и Онисифор ништо не мислеле додека се веднеле над своите намери, без здив, предвреме мртви, со движења условно продолжени заради трепетот на истинатото месо, заради решеноста едниот од нив да изврши насилие врз другиот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Момциве, изгледа, не биле навистина многустрани: тие само „алатот го примаат на смени“.
Со други зборови, „многустраноста“ не е недвосмислено мажествен чалам, барем не како што се употребува тука.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зли јазици, иронично ширеле гласови дека јажињата биле навистина за бесење, ама не на луѓе, туку за земјата!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Случајот, како што се покажа потоа, бил навистина многу сложен, многу сериозен, дури тенок, деликатен.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Не не можам да разберам зошто никогаш не станав апстрактен експресионист, бидејќи, со мојата треперлива рака би бил навистина успешен. ◊ За време на шеесетите, луѓето заборавија на своите емоции.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
А дека тој ќотек бил навистина добар можев лично да се уверам бидејќи Рајна мене ме избра за да ми ги покаже сите места на своите болки.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Прашуваш зошто кај мене дошла а не отишла в болница? Не знам!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
ФЕЗЛИЕВ: Нели, Луков? Би било навистина возбудливо човек да ја продава досадата во три изданија: утринско, пладневно и вечерно.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)