бил (гл.) - истовремено (прил.)

211 Таков трансфер, иселување на „120.000 Македонци северно од границата на Грција од 1941-ва“ му предлагал тогашниот амбасадор на Велика Британија, Р.А. Липер, на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Антони Идн, во писмото од 24 ноември 1944, а со цел „Грција да нема славјанско малцинство и заради тоа што ампутирањето на славјанската територија кон западна Македонија и нејзиното анектирање во славјанска федерација е практично невозможно и би било истовремено економска катастрофа за Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
256 Иницијативата за разговор со раководството на Бугарската работничка партија (комунисти) за формирање југословенско-бугарска федерација ја дал ЦК на КП на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)