Но од сите гласови за Јована Акиноски, најмногу се задржа, и сè уште е жив, оној дека куферот, при бегањето, покрај со тевтерите му бил наполнет и со златото Акиноско, а тогаш, во тие опачни и скудни времиња, властите беа во постојана и силна потера по злато.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој рече дека морам да ја слушнам таа музика; тие се всушност само бледа слика на вистинската, преподобна музика; рече и дека сега му е смешно што го бранел џезот пред народната музика, и дека сето она што го напишал во есејот била чиста глупост; рече дека постои само една музика, и дека задолжително морам да ја слушнам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дури и такви дека Јован не бил чист Акиноски, туку копиле некое нивно, од Јанкула, кој по убиството на Тројкршките бегови заедно со Дамчкеските, со Божина Дамчески Штркот и Костадина Капиданот, избега некаде во Европа и уште еднаш жив не се врати во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„И што е најважно, нашево движење кон ова кино било чиста случајност, без некоја задна намера“ ме уверуваше Соња Пазарџиева.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)