Само главата како шпиртосана или мемлосана маска била цела, негибната. Во косата, здрвосана како чешел, светела скорпијата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Игбал седеше крај мене и тогаш сфатив дека бил цело време тука, само што не сакал да ме вознемирува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ајде – рече и ми ја подаде раката за да ми помогне да станам. – Ќе те одведам на една прошетка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)