Историја: амил нитритот е откриен 1857-та година, а веќе 1867-та бил употребуван во терапијата на ангина, поради способноста да го намалува притисокот со проширување на крвните садови што ја носат крвта до срцето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Западната медицина за прв пат почнала со употреба на канабисот во 1840-тите и низ целиот деветнаесетти век бил употребуван како лек за сѐ, од менструални болки, главоболки и несоница до труење со стрихнин и делириум тременс.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сите овие три дроги отсекогаш биле употребувани како средства за ублажување на болки.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сакам да кажам, не верувам дека воопшто некогаш бил употребуван за нешто. Токму тоа и ми се допаѓа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Камилски брзо се оттргна од мислата за тврдината и поранешните дискусии со Татко за неа и се врати кон преостанатите зборови како: диван, диванхане, претсобје, ходник, но и голема приемна просторија со убав изглед, обично на горниот кат од куќата (од персиски divanhane), пармак, пармаци, дрвена ограда, на чардакот или на басамаците, направена од тенки летви (од турски parmak, paramaklik); басамак, басамаци (од турски basamak); мердивен, подвижна скала (од персиски merdiven); сандак, порано овој збор бил употребуван за означување вид сандак во кој се чувале алишта и особено невестинското руво, обично се изработувале и украсувале во разни шари, а денес со овој збор се означуваат сандаци направени за разна намена, особено како војнички сандак (турски sandik) и перваз (персиски pervaz), означуваат дрвена конструкција на прозорците и вратите; dolap (од персиски dolap); серген (од турски sergen); мусандра (од турски musandira).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Која била причината за толку големиот прилив на туѓите зборови? запраша зачудено Татко. Се разбира, имало повеќе причини.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Руската револуција дозволи да влезат во употреба голем број туѓи зборови кои дотогаш биле употребувани главно во писмена форма.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Триве последни заемки најчесто се употребувале за означување вид денешни плакари, вѕидани долапи, рафтови слично, а дел од нив се и во денешна употреба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Латинскиот термин ferre значи “превезува” или “транспортира”, и често бил употребуван да значи носи пренесува со замисла на движење (Хомер), а исто така значел поднесува, трпи.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)