бил (гл.) - уверен (прид.)

Таква потврда тој добил и од Цветко Узуновски, кој противењето на Грците да се сложат во однос на гласањето го сметал за академско, а бил уверен дека ќе се сложат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но, немајќи доволно конкретен материјал да испрати пред суд лица за кои бил уверен дека се членови на МРО, Хилми-паша планирал таквите да ги депортира без судење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ценетиот поп бил уверен дека тие што избегале не биле преплашени зајаци со трепетливи муцулиња чија животна смисла станала кожата и крвта под неа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со иста цел но без заповед пошол кришум кон Кукулино уште еден, Јордан Шоп, оставајќи го своето воле со еден рог и со бел грб, па така останале уште седумнаесет терачи на петнаесет запреги - нешто добиток им пцовисал од своја ајванска панукла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор спиел со студена грутка воздух во грлото и со коленици залепени за длапката на мускулестиот стомак но обеспокоен од сила на необјаснива враџба, се тргнал и ја подал раката кон кубурата на педа од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил уверен; сепак претпоставил дека од маглата на страшните соништа во кои не можел да замавне кон некого што го бодел со јатаган, го извлекол шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најсетне и тој сфатил дека бракот и сличните глупости можеле многу неповолно да се одразат на неговата кариера; дека ова можеби звучело по малку и неодмерено па дури и себично но тој бил уверен дека правилно ќе ги сфатела неговите причини бидејќи била полна со разбирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, знаел дека неговата одлука не е в ред, и таквата помисла многу придонесувала да се чувствува виновен, но сепак оценил дека разделбата е најдобриот крај за оваа врска.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури ми се пристори дека Јана спомнува како била уверена во мојата простосрдечност, но веднаш побрза да се исправи: “Мислев на неговата искреност”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа додаде дека при она кратко познанство таа останала со впечаток дека не сум трчел по допадливоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Монахот веројатно бил уверен дека вистинитите и тревожни пораки најдолго ќе трајат токму на овие страници.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)