бил (гл.) - туѓ (прид.)

Затоа што ознаката знак секогаш била разбирана И одредувана, според нејзиното значење, како знак-на, некој означител што реферира на некое означено, означител различен од неговото означено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како што наведува Дерида (3, стр. 280-281): Нема никаква смисла да го занемаруваме концептот на метафизика за да ја разнишаме метафизиката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ние немаме ниеден јазик - никаква синтакса ниту речник - кој би ѝ бил туѓ на оваа историја (на метафизика); не можеме да изговориме ниту еден единствен деструктивен став кој веќе не се вовлекол во формата, логиката, И имплицитните поставки на токму она што сака да го оспори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И така овие османскотурски заемки, колку и да биле туѓи и многубројни во балканските јазици, доколку се вклопеле во граматичката структура на примателот, престануваат да живеат како зборови на давателот и почнуваат да живеат како зборови на примателот и како такви се покоруваат на сите граматички правила на тој јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гласот на Турчинот веќе не бил туѓ, шуплив некако, издупчен од молци на староста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Брзале, мислиш ги чека ан во кој уште од есенски ноќи крцкоти оган и во кој ќе сретнат луѓе што ширум го оделе светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност, какви закони споменувал пред тоа Доце Срменков, што сакал да им каже на дојденците додека ослепувал од утрено сонце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Законите под тоа небо биле туѓи и туѓински а тие биле должни да се тргнат од згрбавеноста на ропството и да си ги покажат срцата. Минато, сегашност, иднина, нели? Сеедно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со шумски јаготки во џебовите со здравец во мислите и планински воздух во срцата, ќе си направите ли муабет со овие стихови како што правите со буките и изворите Вие кои никогаш не сте ѝ биле туѓи нејзе, самата себеси што си е туѓа и заумна?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)