бил (гл.) - студен (прид.)

Нејзе секогаш рацете ѝ биле студени, не сакав да помислам дека тоа е резултат на сериозно нарушеното здравје.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа некои велат: Отровот бил студена вода како мраз, што како ситна роса извира од една карпа во Нонакрида, па ја фаќаат во магарешко копито, оти не може да стои во никакви други садови, веднаш ги пробива со студот и острината.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)