Некогашните свештеници, кои додека владеел Ихнатон биле понижени, го повеле народот, кој никогаш не ги заборавил старите богови, со одмаздничка страст и фанатична осветољубивост да ги урне новите храмови, и го забраниле монотеизмот, враќајќи ја старата религија на многубоштвото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мојсеј, за кој брат ми претпоставуваше дека бил близок до фараонот Ихнатон, не можел да се одрече од својата посветеност на богот Атон, па сковал план “да се основа ново царство, да најде нов народ кому сакал религијата што Египет ја презрел да му ја подари за уважување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Расправаат дека сегашниот хотел го опфаќа само оној дел, кој служел само за послугата, а другиот каде што бил понижен Мусолини, е урнат за време на војната...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)