- Сестричето било поголемо. Си живееле многу добро.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
До колку Конференцијата не ја измени својата одлука - се вели понатаму во нотата - Силите би се нашле пред еден конфликт чија што сериозност би била поголема одошто сериозноста на преседанот што би се создал со менувањето на таа одлука.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Веќе во 1883 година увозот бил поголем од извозот - 31.005.432 спрема 29.763.800 франци, следната, 1884 година - 45.761.600 спрема 18.516.856.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Оваа кореспонденција за ангажирањето на Иван Михајлов во британските планови за започнување некаков отпор на Балканот предизвикале интересна размена на мислења меѓу повеќето британски служби и агенти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
А/Д 1 посебно потенцирале дека е многу важно ставот на Форин офис да се дознае што побрзо "за оваа важна работа, бидејќи нашите шанси би биле поголеми вистински да се искористат Македонците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Секако дека љубовта на мечката била поголема од неговото искушение; ѕверката не се бранела и не оставила на неговата става ни најмала гребаница.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се тетеравел по шумата и ревел со подадени раце кон небото, кон пеколот на тоа небо и кон куциот господар на тој пекол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Естетиката и стилот традиционално се женска работа, исто како што политиката, стопанството и спортовите по правило се машки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Цветното декорирање, внатрешното уредување и фризерството се женствени струки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Милдред Пирс е „женски филм“, а најмногубројните и најпредадените обожаватели на Џоан Крафорд се жени од работничката класа. („Отсекогаш била поголем хит за жените отколку за мажите“, забележува Дејвид Денби).329
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако маж пее висок фалсет, значи дека пее како жена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Беше тоа вистински допинг со веќе неодржливи идеали. Инерцијата никогаш не била поголема сила.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но жедта за слободен живот во него била поголема од сите други желби, слободата уште од најраните години била втисната во неговото срце.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Реалноста со сета суровост ја покажува точноста на оценките на американскиот економист и нобеловец Џозеф Стиглиц дека „ретко кога јазот помеѓу очекувањата и стварноста бил поголем отколку во случајот на транзицијата од комунизам во пазарна економија“ 1 и дека „транзицијата не испадна да им користи на сиромашните.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ем бил поголем, ем најубаво бил опишан во песните и романите. Мост нобеловец.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
„Меѓусебните проникнувања никогаш не биле поголеми, а непречениот развиток на идеите толку општ, соработката меѓу центрите на творештвото во Европа толку тесна и нераздвојна” (Бруно Томас во каталогот на изложбата “Триумф на маниризмот”, Амстердам 1955). Maniera во Европа меѓу 1550 и 1650, и помеѓу 1890 и 1950, поттикната од толку повеќеликата и сестрано доживеана Идеја, сите нови уметнички форми ги обликуваше во украси, покуќнина, облека, направи, прибор, чинии и чаши, керамика.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Не се надминуваат само границите меѓу народите, земјите, јазиците, туку и отпорот на духот и материјата”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)