бил (гл.) - ослободен (прид.)

Бидејќи она што ви е потребно, ... стареењето... кога би имал многу пари и кога би бил ослободен од потребите - би го сакал тоа - себеси ќе си ја дозволев можноста да се повлечам, да заминам некаде, не ќе морав да работам и ќе можев само да ги набљудувам другите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дел од нив биле ослободени, поголем дел интернирани во сто и трите логори формирани во Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меѓутоа, изразувајќи лојалност кон Византија набргу бил ослободен и поставен за управник на Струмица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 138 комунисти, членови на СКОЈ и симпатизери, на судските процеси во Скопје, Охрид, Битола и Куманово им биле изречени 38 смртни пресуди со што бугарскиот окупатор ја започнал пресметката со антифашистите и комунистите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Притоа биле ослободени гратчињата Просочан и Доксат од страна на македонските и грчките борци, (28 и 29 септември 1941).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во градот Просочан била воспоставена и народна власт, а на одржаниот митинг се зборувало и на грчки и на македонски јазик.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ситуацијата е многу флуидна источно од вардар во охридската област“ и барале “ефективна воздушна помош без непосредна врска“.278 Истиот ден истата мисија ја испраќа пораката до Force 399 дека на шести ноември бил ослободен Ресен, на седми Охрид, а на осми Струга.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Отпрвин него едноставно го викаа Григориј и беше закрепостен човек кај некојси господар; Петрович почнале да го викаат откако бил ослободен и кога почнал прилично да си потпивнува на секакви празници, отпрвин на големите, а потоа и без да гледа на тоа, на секој црковен, секаде каде што стоело крвче во календарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но нема да изостави да нагласи дека не бил ослободен од стравот од тоа што тој во други пригоди го нарекувал демонот на Нумидите, овој демон кој ќе ги наведе народите на Картагина на делби, на племенски борби, поради кои Тунижаните ќе бидат губитници по големиот револт на Југурта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во еден говор во Женева, во јуни 1973 година, тој ќе рече дека од една прашина од поединци, од магма племиња, потплемиња, сите веднати под тежеста на резигнацијата и фатализмот, создаде народ на граѓани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа бил уапсен од Германците, тие лошо се однесувале со него, бил ослободен и оттогаш бил во Унгарија, од каде што била добиена и доставената информација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Агентот верувал дека добиената информација била вистината и дека би требало да се земе предвид неговиот предлог да испрати свој претставник во Лондон.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бившите членови на ЦК на Организацијата д-р Татарчев и Матов биле ослободени од турското заточеништво есента 1902 година и отишле во Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По Хуриетот Нанчо бил ослободен, но тешко болен набрзо умрел.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во 1904 година, пролетта, султанот дал општа амнестија и сите оние што не биле осудени на долгогодишен затвор (околу 600 души) биле ослободени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таа ги отворила ширум и вратите на султанските зандани - сите политички затвореници биле ослободени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Благодарејќи на неговиот авторитет што го уживал пред мутесарифинот, заточениците биле ослободени од оковите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Преку врски, бил ослободен, но морал да го напушти Ќустендил и да се врати во Софија70.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Речиси сите велешани биле осудени како сомнителни, а не затоа што била докажана некаква врска со гемиџиите. * Од околу 350 обвинети, од Воениот суд биле осудени 4 (гемиџии) на смрт, 29 на затвор од 5-101 година, а 25 биле ослободени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Веднаш потоа биле ослободени. Настанало општо славје.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Грчкиот конзул Евгенијадис испратил список до министерот за надворешни работи на Грција, од кој се гледа дека 24 лица, речиси сите Македонци-патријаршисти, биле уапсени, но по негова интервенција, како “Грци“, биле ослободени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Истиот ден муслиманските затвореници биле ослободени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во исто време биле ослободени околу 600 души од солунските затвори.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сите, а особено Нанчо, за кого четворицата заговорници се плашеле дека нема да издржи, успеале да се претстават како невини и биле ослободени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од велешани сите биле ослободени, освен Илија Попјорданов, кој, како соработник на гемиџиите, бил осуден на 10 години.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Другите лежеле близу една година во “Еди-куле“ и потоа биле ослободени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еден број од нив биле ослободени до крајот на јуни 1903 година, а другите биле ослободени во април 1904 година врз основа на дадена амнестија од султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)