Денес, пак, јавниот простор се дефинира во дијалектички однос со капиталистичкиот приватен простор („затворениот“ простор на домашниот и личен живот, наспроти „отворените“ простори на трудот, политиката и медиумите).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Колку и да сум мислел на вечноста за времето на градењето, јас сепак сум бил ограничен само на своето време и затоа куќава одвај може и да го издржи дури и само моето време.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Од друга страна, агората е многу тесно дефинирана како специфична форма на простор што се користи колективно, бидејќи во античка Грција политичките права биле ограничени на многу тесна имотна општествена класа („слободни граѓани“) – на тој начин исклучувајќи ги жените, децата, робовите и странските жители.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)