И тоа што Јанческите не знаеја или не сакаа да кажат како изгледал и што зборувал ајдутинот, (Велеа од што биле обземени од жал за стрика Анѓела и од што се стаписале од страв кога влегол ајдутинот низ Мала врата сега додаваа сам си отворил, не виделе како изгледа дури одвај и разбрале што им зборува), и тоа што не лавна ниту пес и што не шавна ништо друго што е живо, и тоа што утрото не се најдоа никакви траги ниту од Бошета ниту од ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Постојано биле обземени од чувство на страв дека нешто може да се случи и повеќегодишните напори и подготовки да бидат провалени.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во својата итроштина жените биле обземени од чувство на победа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во меѓувреме, додека попот одел од куќа до куќа и со зборови од неколку јазици им ги раскажувал големите чудесии од кои крвта се замрзнувала в жили, се прочуло дека Фиданка Кукникова сака да се омажи за крестокосиот Доце Срменков и дека ќе стане мајка на неговите деца, едното веќе со воздишки по нејзината убавина, доколку тој пристане да го земе во новата куќа и свекор ѝ, земјолик човек што се хранел еднаш дневно со печен компир.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)