бил (гл.) - нов (прид.)

Веќе по неколку минути, сиот вцрвенет, беше почнал да убедува доста наивно, дека шинелот воопшто не бил нов, дека тоа било само онака, инаку шинелот бил стар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога скелињата биле нови, се издигале околу скелетот на некоја застаклена кула во Гинза и по нив врвело од работници.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- „Па твоите чевли не биле нови” - рече едно утро кога ми ги подаваше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ете зошто кога бродвејскиот мјузикл ќе добие поексплицитни геј-теми – на пример, кога ќе се воведат ликови што се геј-мажи или дури и ако се направи цел мјузикл за геј-животот (како во случајот со La Cage aux Folles) – тоа не успева од самиот мјузикл да направи позадоволителен носител на геј-желбата, какви и да биле новите задоволства афирмативни за идентитетот, што, сепак, ги овозможува овој нов геј-мјузикл.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)